сдсм

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да го загрозуваат членството во НАТО

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски упорно работат против интересите на граѓаните и државата и се обидуваат да го вратат режимот на Груевски.
Последна потврда за тоа се ставовите на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Тони Михајловски кој заговара поништување на Договорот од Преспа.
Со поништувањето на Договорот од Преспа се поништува нашето членство во НАТО и се загрозува натамошната интеграција во ЕУ.
 Неговото поништување значи враќање во изолација и неизвесност.
Очигледно дека насоките од Будимпешта се ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да работат отворено против ЕУ и НАТО, против интересите на граѓаните.
Но колку и ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се обидуваат да ја вратат државата назад тоа не да им успее.
На 12 април граѓаните ќе потврдат дека сме на прав пат а тој пат води кон ЕУ и НАТО.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот

Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот

„Ви се обраќам со длабоко чувство за важноста на двојните избори во среда. Државата ни …