Собранието ја разреши министерката Мизрахи

Собранието ја разреши министерката Мизрахи

Со 62 гласа „за“ и 26 „против“, Собранието ја разреши техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.

Премиерот Оливер Спасовски во своето обраќање ги повика ВМРО-ДПМНЕ да предложат нов кандидат за функцијата министер за труд и социјална политика.

На синоќешната седница, пратениците ги изгласаа и измените на Изборниот законик со кои се прават усогласувања со препораките на ОБСЕ и ОДИХР, а делумно се променија избирачките единици „5“ и „6“ од причина што не смее да има преголеми отстапки во бројот на населението меѓу шесте изборните единици.

Пратениците ќе работат и денеска, кога на дневниот ред треба да се најдеот Закон за јавно обвинителство.

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …