Долниот дом на шпанскиот Парламент го ратификуваше протоколот за НАТО, следен чекор е во Сенатот

Долниот дом на шпанскиот Парламент го ратификуваше протоколот за НАТО, следен чекор е во Сенатот

Инфо-центарот за евроатлантски интеграции информираше дека Долниот дом на шпанскиот Парламент го ратификувал протоколот за членство на Македонија во НАТО.

„Долниот дом (Конгрес) во Мадрид, утрово го ратификуваше пристапниот НАТО протокол со 279 гласа „за“ и еден глас „против“! Следен чекор е гласање во Сенатот на Шпанија, и откако Кралот ќе го потпише протоколот, следи депонирање на пристапниот протокол во САД,“ пишува на фејсбук-страницата на Инфо-центарот.

Министерот за надворешно работи Никола Димитров, при посетата на Шпанија минатата недела беше информиран дека ратификацијата на Пристапниот протокол е веќе започната во шпанскиот Парламент. Очекувањата се дека целата постапка би требало да заврши до крајот на март.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …