Претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба во државата (ВИДЕО)

Претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба во државата (ВИДЕО)

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава во наредните 30 дена.

„Одлуката за прогласување на вонредна состојба ја донесов заради заштита и справување од последиците на ширење на вирусот КОВИД 19. Вонредната состојба ќе трае 30 дена и оној момент кога Собранието ќе биде во можност да се состане, ќе му биде поднесена на потврдување. Пред истекот на овие 30 дена, очекувам Владата да ми поднесе детален извештај за ефектите од дотогаш преземените мерки и образложен предлог за потребата од евентуално продолжување на вонредната состојба за дополнителни 30 дена“, изјави Претседателот на државата.

Претседателот Пендаровски потенцираше дека фактот што вонредна состојба се прогласува за прв пат од независноста на нашата држава, покажува колку е сложена ситуацијата во која се наоѓаме и колку е голем ризикот за сите нас.

„Апелирам до сите граѓани на нашата заедничка и единствена татковина, да бидеме смирени, да бидеме одговорни и да бидеме солидарни еден кон друг. Ако си помагаме, ако се држиме заедно, сигурно ќе ја пребродиме и оваа тешка ситуација, како многупати досега во нашата историја“, им порача на граѓаните, Претседателот Пендаровски.

Прочитајте повеќе

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Речиси 20 страници е долг списокот на лица кои донирале на трансакциската сметка на ВМРО-ДПМНЕ …