Општина Аеродром ја одбележа годишнината од раѓањето на Јане Сандански

Општина Аеродром ја одбележа годишнината од раѓањето на Јане Сандански

Општина Аеродром денеска ја одбележува 148 годишнината од раѓањето на истакнатиот македонски револуционер, Јане Сандански.

По тој повод, делегација на Општина Аеродром, предводена од градоначалникот Златко Марин, положи цвеќе пред споменикот „Јане Сандански“.

На одбележувањето присуствуваа и претставници од Советот на Општината, од основните училишта и градинките, како и пензионери од здружението „Солидарност – Аеродром“.

Идеалите и заложбите на големиот македонски визионер се заедничка обврска за единство и сплотеност на сите наши граѓани.

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …