И овој петок Театар Комедија продолжува со содржини од вонредната сцена

И овој петок Театар Комедија продолжува со содржини од вонредната сцена

НУ Театар Комедија и оваа седмица продолжува со своите предвидени активности од вонредната сцена. Од управата на театарот најавуваат нова содржина за овој петок, кога на сцената ќе застанат петмина актери, кои распоредени на соодветната дозволена дистанца, ќе се обидат со својот настап барем за миг да ја разведрат публиката.

Вклучувањето во живо е закажано за во петок, со почеток во 20:30 часот од сцената во дворот на театарот. Актерите, техниката и управата интензивно се подготвуваат за претстојниот настан, а публиката ќе може да ужива во настапите на актерите Жарко Димоски, Жаклина Стевковска, Роберт Ристов, Ева Скендеровска и Дритон Вејсели.

Прочитајте повеќе

Пластика Ѓубре

Планетата Земја го слави светскиот ден задушена во пластика

Пластиката е една од најголемите закани за луѓето и биодиверзитетот, присутна е во секоја животна …