Прилеп: Петмина оздравени и двајца новозаболени од КОВИД-19
DCIM100MEDIADJI_0019.JPG

Прилеп: Петмина оздравени и двајца новозаболени од КОВИД-19

Во општина Прилеп денеска има петмина оздравени и двајца новозаболени од КОВИД-19.

Од Центарот за јавно здравје-Прилеп информираат дека од почетокот на пандемијата до денеска, регистрирани се вкупно 208 лица позитивни на коронавирус, од кои 53 се активни.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 15 лица. Од нив 13 се позитивни на коронавирус, а заради потешка клиничка слика двајца пациенти се наоѓаат на кислородна поддршка. Во делот за изолација се наоѓаат двајца пациенти. Едниот од нив е негативен на коронавирус, а на другиот му е земен брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 85 лица.

Во изминатото деноноќие не се забележани нарушувања на полицискиот час.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче: Верувам дека ниеден наш член не сака да ја види СДСМ на колена, а ВМРО-ДПМНЕ разулавена и без контрола

„Јас знам дека сите оние кои се незадоволни сакаат да испратат порака. Но, силно верувам …