Нов биланс од Измир и Самос: 26 загинати и над 800 повредени

Нов биланс од Измир и Самос: 26 загинати и над 800 повредени

Во силниот земјотрес со јачина од 6,7 степени, кој вчера го погоди егејскиот брег на Турција и источниот грчки остров Самос, загинале најмалку 26 луѓе, а повредени се повеќе од 800, пренесе новинската агенција АП. Спасувачките и медицински екипи се во потрага по преживеани во разурнатите згради во Измир, трет по големина град во Турција, кој е најмногу погоден во земјотресот.

Најмалку 24 лица загинале во Измир, вклучувајќи и една повозрасна жена која се удавила, соопштила турската служба за вонредни ситуации. На Самос двајца тинејџери загинале кога на нив паднал ѕид, а повредени биле 20-тина луѓе. Двајца од повредените, од кои едно 14-годишно дете, се префрлени во Атина, а седуммина се хоспитализирани на островот, соопштиле локалните власти.

Малото цунами кое го погодило брегот ги поплавило улиците во Самос. Властите ги предупредиле граѓаните да се тргнат од брегот и зградите кои би можеле да се урнат. Епицентарот на земјотресот, кој според Институтот Кандили бил со јачина од 6.9 степени, бил во Егејското море северно од Самос, јави АП.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Како балканските гангстери станаа кралеви на кокаинот

Како балканските гангстери станаа кралеви на кокаинот

Слободан Костовски, Бранислав Паневски, Александар Нешиќ… се само дел од балканските гангстери уапсени поради шверц …