пошта

Сметки и пензии преку пошта ќе се исплаќаат од март

Почнувајќи од 1 март 2021 година, граѓаните ќе може повторно да плаќаат сметки и да подигнуваат пензија преку Пошта на Северна Македонија. Оттаму уверуваат дека до крајот на годинава ќе го потпишат договорот со „Халк банка“, по што обврската на банката е во рок од два месеца технички да се поврзе со системот на пошта.

„Договорот е во финална фаза и истиот ќе биде потпишан до крајот на оваа година, по што очекувањата се дека на први март следната година граѓаните ќе можат да плаќаат во филијалите на пошта“, наведуваат од Пошта на Северна Македонија.

Нема да има потреба вработените да одат на обука бидејќи, софверот за работа ќе биде истиот што го користеле и со пропаднатата Еуростандард банка.

Според изјавата на Јани Макрадули, вкупниот долг на Пошта изнесува околу 10 милиони евра. Освен од тековното работење, има долг кој се влече од минатото и кој не зависел од нејзиниот менаџмент, туку и од одлуки на претходната Влада, која во два наврата на компании кои и’ должеле на Пошта, им го простила долгот.

Прочитајте повеќе

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Речиси 20 страници е долг списокот на лица кои донирале на трансакциската сметка на ВМРО-ДПМНЕ …