Поместен бродот кој го блокира Суецкиот Канал

Поместен бродот кој го блокира Суецкиот Канал

Управата на Суецкиот Канал соопшти дека товарниот брод „Ever given“, кој заринка неодамна и го блокираше овој клучен поморски пат, е свртен во „вистинската насока“.

„Позицијата на бродот е преориентирана 80 проценти во вистинската насока“, рече шефот на Управата, Осама Раби.

Тој информира дека сообраќајот во каналот ќе продолжи „по завршувањето на операциите за враќање на пловноста на бродот, кој потоа ќе биде насочен кон просторот за чекање“, за да се овозможи расчистување на каналот.

Долг колку 4 фудбалски игралишта, товарниот брод кој пренесува стока меѓу Азија и Европа, заринка во вторникот во тесниот вештачки канал кој ја дели континентална Африка од Синајскиот полуостров.

Бродот го запре движењето низ каналот каде што минуваат повеќе од 10 насто од меѓународната поморска трговија.

Повеќе од 300 бродови чекаат на двата краја на каналот кој ги поврзува Црвено Море и Медитеранот.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Можеме ли да слушнеме што мислат другите

Можеме ли да слушнеме што мислат другите

Репортажа од Берлин: “Das Unbeschreibliche, hier ist’s getan” (Неописливото, се случи овде) Салата во Берлинската …