Средба на градоначалникот Илија Јованоски со претставникот на Европската банка за реконструкција и развој, Јан Џенингс

Средба на градоначалникот Илија Јованоски со претставникот на Европската банка за реконструкција и развој, Јан Џенингс

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска во својот кабинет оствари средба со претставникот на Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРР), Јан Џенингс.

На средбата се разговараше за можностите за остварување соработка помеѓу Општина Прилеп и ЕБРР, првенствено за изработка на проекти за функционални сообраќајни решенија за градот, категоризација на улиците и подобрување на условите во градскиот превоз.

Средба на градоначалникот Илија Јованоски со претставникот на Европската банка за реконструкција и развој, Јан Џенингс„Со г-нот Јан Џенингс разговаравме за проекти за подобрување на сообраќајните решенија во градот, за категоризација на улиците и повеќе паркинг места, особено за подобар и поефикасен јавен превоз во градот и населените места. Се надевам дека студијата која во наредниот период ќе ни ја предложат, ќе ни користи за севкупна реализација на овој проект“, нагласи градоначалникот Илија Јованоски.

Заблагодарувајќи му се на домаќинот за искажаното гостопримство, претставникот на ЕБРР, Јан Џенингс, искажа задоволство од досега реализираните проекти од страна на локалната самоуправа, како и од укажаната можност да разговара со првиот човек на општина Прилеп за визијата за развој на градот.

„Со градоначалникот Илија Јованоски имавме иницијален разговор во однос на урбаниот транспорт, сообраќајниот режим во градот и јавниот транспорт. Разговаравме за начинот на кој Европската банка за реконструкција и развој може да биде вклучена во развојот на ваквите проекти во општина Прилеп. Се договоривме разговорите да ги продолжиме после локалните избори, со фокус на ‘зелената’ мобилност и одржливоста во јавниот транспорт“, истакна претставникот на ЕБРР, Јан Џенингс.

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …