СДСМ

СДСМ: Деструктивното ВМРО-ДПМНЕ ги блокира законските измени за недела да биде неработен ден

Соопштение за јавност на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструкции, блокади и кочења на важни законски измени.

Вчера на седницата на Комисијата за труд и социјална политика, ВМРО-ДПМНЕ го опструираше носењето на измените и дополнувањата на Законот за работни односи.

Со овие измени кои треба да стапат на сила на први октомври, недела станува неработен ден за сите оние кои сакаат да бидат со своите семејства.

Наместо да работат за она што се платени, да им служат на граѓаните и државата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на најподмолен начин ги злоупотребуваат чувствата на граѓаните, тераат политиканство заради лични и партиски интереси.

Со ваквиот однос јасно е дека им следува нов седми пораз од граѓаните кои одново ќе ги поразат ваквите погубни и неодговорни политики на ВМРО-ДПМНЕ и неговите пратеници

Прочитајте повеќе

Талевски: Заканите за блокада на европскиот пат се реална опасност по иднината на државата (Видео)

Талевски: Заканите за блокада на европскиот пат се реална опасност по иднината на државата (Видео)

Прес-конференција на Миле Талевски, кандидат за пратеник на СДСМ и Коалицијата во ИЕ 4 Почитувани, …