Се смирува ситуацијата на северот на Косово, барикадите на патиштата се тргнати

Се смирува ситуацијата на северот на Косово, барикадите на патиштата се тргнати

По вчерашните инциденти, утринава во северниот дел на Митровица е мирно, а барикадите што беа поставени на локалните патишта се отстранети, пренесе Н1.

Надвор од животна опасност е и лицето кое вчера беше рането во полициската акција: Повредениот е опериран и сè уште е на интензивна нега.

Косовскиот министер за внатрешни работи, Џеваљаљ Свечља, на прес-конференција рече дека акцијата не е насочена против која било националност, туку против криминалци кои шверцувале нелегална стока во Приштина, Пеќ и северните и јужните делови на Косовска Митровица.

За време на акцијата против криумчарење стока и други материи полицијата уапси осум лица, а распиша потерници и налози за апсење за уште 10 лица.

Од КФОР соопштија дека операцијата на косовската полиција на 13 октомври против криумчарење стока ја гледа како „акција за спроведување на законот“ и дека мисијата на КФОР на Косово е во комуникација со надлежните органи, пренесе Коха.нет.

Остра реакција по настаните имаше и германскиот амбасадор во Приштина Јерн Роде.

„Стоп! Споредувањето на денешната полициска акција со „кристалната ноќ“ е неприфатливо. Ваквите споредби придонесуваат за искривување и негирање на наративите за Холокаустот“, рече германскиот амбасадор во Приштина Јерн Роде осрнувајки се на изјавата н косовскиот владин министер Горан Ракиќ кој во изјава за медиумите терминот „Кристална ноќ“ го употреби за да ја опише ситуацијата.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Два извештаја откриваат широка мрежа на руски дезинформациски портали

Два извештаја откриваат широка мрежа на руски дезинформациски портали

Создадени по ист образец, порталите секојдневно публикуваат огромен број објави. А, објавите често се или …