Боб Сагет

На 66-годишна возраст почина комичарот Боб Сагет

Aмериканскиот комичар, актер и водител Боб Сагет почина на 66-годишна возраст, пренесе Би-Би-Си.

Причината за смртта на Сагет кој јавноста го помни по улогата во серијата „Full House“ и како водител на шоуто „Funny Home Video“ засега не е позната. Брзата помош го пронашла актерот во соба во хотелот Риц-Карлтон во Орландо во неделата попладне.

Тој бил прогласен за мртов на местото на настанот, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Оринџ, додавајќи дека не се пронајдени знаци на насилство или употреба на дрога.

Комичарот веќе неколку месеци беше на турнеја, која беше предвидена да трае до мај годинава.

Тој во саботата вечер имал настап во концертната сала Понте Ведра, а подоцна на социјалните мрежи „Твитер“ и „Инстаграм“ ѝ се заблагодари на публиката за одличната реакција.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Трудот и работата на наставникот, смета професоро Колевски, која воопшто не е едноставна, е од …