Џудо федерацијата на Македонија за прв пат ќе организира семинар посветен на подобрување на работата на тренерите во џудо клубовите. Семинарот кој е дел од проектот „Подобри го својот клуб“, се одржува под покровителство на Џудо федерацијата и Европската џудо унија (ЕЏУ), кој е одобрен по одржаните состаноци во Луксембург.
Предавач на семинарот ќе биде Фредерик Демонфакон, ЕЏУ експерт од Франција 6 ДАН, кој е лидер на проектот. На семинарот како висок претставник на ЕЏУ ќе биде присутна и Џејн Бриџ, потпретседателка на ЕЏУ.
Семинарот ќе се одржи во сабота и недела, 29 и 30 јануари во Сопје, во салата на Спортскиот центар „Кале“.
Во рамките на семинарот ќе им биде обновена лиценцата за работа на актуелните џудо тренери, а ќе бидат издадени и нови лиценци за работа на сите оние кои ги исполнуваат условите од Правилникот за едукација и лиценцирање на џудо тренери.