Два милиона деца побегнаа од Украина, уште 2,5 милиони се внатрешно раселени

Два милиона деца побегнаа од Украина, уште 2,5 милиони се внатрешно раселени

Околу два милиона украински деца избегаа од војната во други земји, а уште 2,5 милиони се внатрешно раселени во Украина, објави Агенцијата за деца на Обединетите нации УНИЦЕФ. УНИЦЕФ наведува дека повеќе од 1,1 милион деца од Украина се во Полска и дека стотици илјади пристигнале во Романија, Молдавија, Унгарија, Словачка и Чешка. Децата сочинуваат половина од вкупниот број бегалци од Украина, според агенцијата на ОН.

Конвои на надежта: Украина ги евакуира децата болни од рак

Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации УНХЦР утврди дека за време на руската инвазија на Украина биле убиени повеќе од 100 деца и дека најмалку 134 деца биле повредени. УНХЦР наведува дека реалниот број на убиени и повредени деца во Украина е веројатно многу поголем.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Русија не ја уништи армијата на Украина

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на …