Во третата трансплантација годинава, двајца млади пациенти ќе добијат бубрези од починат донор

Во третата трансплантација годинава, двајца млади пациенти ќе добијат бубрези од починат донор

Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од почината дарителка, чие семејство вчера попладне даде согласност за да ги донира органите. Дополнително, во наредните денови ќе следуваат трансплантации на коскени ткива кај пациенти кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, соопшти Министерството за здравство.

Националниот координатор, д-р Маја Мојсова Мијовска, болничките координатори, заедно со екипите од Клиниката за неврохирургија, КАРИЛ, Рендген иститутот, Клиниката за трансфузиологија, Клиниката за нефрологија, Клиниката за кардиологија и хируршките клиники за урологија и ортопедија, викендов успешно ја прават третата по ред трансплантација од почетокот на годинава.

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …