Руските сили нападнале 40 градови во Донбас

Руските сили нападнале 40 градови во Донбас, гранатирани населени места во повеќе региони

Украинските власти тврдат дека руските сили нападнале повеќе од 40 градови во Донецкиот и Луганскиот регион во најжестоката офанзива од почетокот на руската агресија врз Украина. Укринформ јавува за уништени станбени згради, куќи, центри за култура и административни згради во Северодоњецк, Лисичанск, Прувилија, Новодружеск, Хирске и Маринка. Најмалку три цивили го загубиле животот во Лисичанск.

Најтешка е состојбата во Северодоњецк и Лисичанск, каде што руските сили сакаат да ги опколат градовите од сите четири страни и да применат тактика слична на Мариупол, која што доведе до огромен број на цивилни жртви. Руските сили се подготвуваат и за напад на Словјанск во Донецкиот регион од правецот на Харкивскиот регион, при што главна цел во моментов им е да го заземат градот Лиман, пренесува Укринформ.

Укринформ јавува за гранатирања на руските сили врз населени места во регионите Миколаив, Криви Рих, Запорожје, Харкив, Суми, Хмелницки, Днипропетровск и Чернихив. И покрај бројните гранатирања и напади, руските сили засега имаат минимални успеси во окупирањето нови територии, додека украинските власти јавуваат за одбиени напади на фронтот.

Би-би-си ги пренесува информациите на руските власти дека Русија држи околу 8.000 украински затвореници на територијата на Донбас која е под контрола на руските сили и сепаратистите. Украинските сили пак јавуваат дека најмалку 150 деца биле убиени во руските напади на Донецкиот регион, додека на целата територија на Украина загинале најмалку 240 деца. Светските медиуми не можат да ги потврдат ваквите податоци што пристигнуваат од двете страни.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

израел хамас газа

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Полковникот Јамен Абу Сулејман, директор за цивилна одбрана во Кан Јунис, тврди дека некои од …