Калуш оркестра

„Калуш оркестра“ го продаде евровизискиот трофеј за 900.000 долари за донации кон украинската војска

Украинскиот бенд „Калуш Оркестра“ преку аукција објавена на Фејсбук го продаде победничкиот евровизиски трофеј со цел да набави средства за донација кон украинската воена армија, јавува Укринформ.

Цената на кристалниот микрофон беше проценета на 900.000 долари, коишто ќе бидат искористени за набавка на три „PD-2“ дронови за украинската војска.

„Благодариме на сите што дониравте, а особено на тимот на „Whitebit“ што го купи трофејот“, пишува бендот на официјалната страна на Фејсбук.

Инаку, „Калуш оркестра“ победија на годинешното 66-то издание на Евровизија со песната „Стефанија“.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …