СДСМ: Мостот на АСНОМ се уште не е во функција, Арсовска да ги надмине сопствените хирови

СДСМ: Мостот на АСНОМ се уште не е во функција, Арсовска да ги надмине сопствените хирови

Соопштение за јавност на СДСМ

Заради хировите на Данела Арсовска, над 100.000 граѓани на Скопје од Аеродром и Гази Баба, со месеци се заложници на нејзината неспособност.

Мостот на булеварот АСНОМ кој ги поврзува Аеродром и Гази Баба сеуште не е во функција, иако веќе е направен технички прием на проектот.

Мостот е проект на минатата локална власт од СДСМ и е од исклучително значење за намалување на сообраќајниот метеж како и за полесен транспорт во овој дел од Скопје.

Без разлика дали причината е тоа што мостот е на проект на претходниот градоначалник или пак фактот што Арсовска најави дека ќе го прекине проектот па по притисок на јавноста сепак го продолжи, граѓаните не заслужуваат ваков арогантен, недоговорен однос од страна на Данела Арсовска.

Арсовска треба да ја надмине својата суета, а мостот на булеварот АСНОМ треба да биде ставен во функција што поскоро, бидејќи тоа значи унапредување на квалитетот на живот и намалување на сообраќајниот метеж во главниот град.

Прочитајте повеќе

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Интегрален говор на носителот на листата во изборната единица 4, д-р Венко Филипче, на синоќешниот …