55 седница на Владата

55 седница на Владата

Владата денеска ќе ја одржи редовната 55 седница, на која согласно своите надлежности, ќе разгледа повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Според предложениот дневен ред, на денешната седница ќе биде разгледана предлог-одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Оперативно постојано тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот.

Меѓу другото, Владата ќе донесе мислење за информацијата со предлог за преземање мерки за решавање на проблемите со кои се соочуваат неевидентираните лица во матичната книга на родените, а во врска со неможноста да ги остваруваат правата утврдени во Законот за неевидентирани лица во матична книга на родените.

На оваа седница ќе биде разгледана и информацијата на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество за состојбите во однос на обезбедувањето на социјална и здравствена заштита од страна на граѓанските организации.

Прочитајте повеќе

Дубаи документи: Македонска елита со имоти во Емиратите

Дубаи документи: Македонска елита со имоти во Емиратите

Јордан Камчев, Душко Чифлиганец, Ристо Секуловски, Бобан Заев се дел од македонските државјани кои имаат …