Уапсен за рекет полицаецот Рабреновиќ – екс бодигард на Груевски и близок на Мицкоски

Уапсен за рекет полицаецот Рабреновиќ – екс бодигард на Груевски и близок на Мицкоски

Тројца се уапсени. Тие од оштетениот поради претходен земен заем од 63.500 евра во текот на 2004 година, во 2019 година му побарале околу 440.000 евра.

Големо апсење вчера во Скопје. Полицијата го приведе полицаецот Милан Рабреновиќ, поранешен бодигард на Никола Груевски и човек многу близок до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој заедно со уште две лица рекетирале скопјанец, дознаваме од истрагата.

Сите тројца се уапсени. Тие од оштетениот поради претходен земен заем од 63.500 евра во текот на 2004 година, во 2019 година му побарале околу 440.000 евра, дознава ФРОНТЛАЈН.

Потоа му побарале дополнителни 560.000 евра кои требало да им ги исплати до 30.06.2022 година. При примопредавање на дел од парите, тројцата се уапсени.

Извор: Frontline

Прочитајте повеќе

Кратење на 130 институции и отпуштања во администрацијата?

Кратење на 130 институции и отпуштања во администрацијата?

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да укине над 130 државни институции за да го исполни …