Продолжува периодот на нестабилно време со пороен дожд, засилен ветер и грмежи

Продолжува периодот на нестабилно време со пороен дожд, засилен ветер и грмежи

Денеска ќе преовладува променливо облачно време, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови ќе има услови за појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе достигне 30 степени Целзиусови.

Во следните денови и понатаму подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на влажен и нестабилен воздушен бран, што ќе услови променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд и грмежи. Локално, претежно во попладневните часови, ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурите ќе останат значително пониски во однос на изминатиот период. Максималната дневна температура ќе се движи во интервалот од 24 до 34 степени.

 

Прочитајте повеќе

Мицкоски подготвува стратегија и следни чекори

Мицкоски подготвува стратегија и следни чекори

Потенцијалните партнери во идната влада засега се посветени на договорените постулати за соработка и градење …