Прием на учесниците и добитници на наградите на 61. издание на Струшките вечери на поезијата

Прием на учесниците и добитници на наградите на 61. издание на Струшките вечери на поезијата

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги прими Кенсаку Таникава, син на јапонскиот поет Шунтаро Таникава – годинешен лауреат на наградата „Златен венец” на Струшките вечери на поезијата, Џерардо Мазучо, италијански поет и добитник на наградата „Мостови на Струга“, израелскиот поет Амир Ор, лауреат на Струшките вечери на поезијата за 2020 година и Тодорче Тасевски, директор на поетската манифестација.

Претседателот Пендаровски им честита на наградените поети изразувајќи надеж дека овие престижни награди со кои се валоризираат нивните поетски дострели,  ќе претставуваат дополнителен мотив за уште поголеми литературни успеси во иднина.

На средбата, претседателот оддаде признание за целокупната организација на Струшките вечери на поезијата, потенцирајќи дека оваа манифестација е врвен културен настан во светот на литературата, кој покрај тоа што го афирмира македонското поетско творештво, ја приближува и светската поезија до македонската публика.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …