Упад во Зелената зона во Багдад

Упад во Зелената зона во Багдад

Милицијата на влијателниот шиитски водач Муктада ал-Садр во Зелената зона во Багдад се судри со безбедносните сили на Ирак. Од медицински кругови се информира дека досега загинале најмалку 11 лица, а повредени се најмалку 160.

Во десет квадратни километри големата Зелена зона, која вообичаено е добро обезбедена, се наоѓаат голем број владини институции, ирачкиот парламент, како и повеќе странски амбасади, меѓу кои и на САД.

Приврзаниците на Ал-Садр вчера (29.08) ја нападнаа владината палата, каде што се наоѓа канцеларијата на премиерот Мустафа ал-Касими. На оваа фотографија, приврзаници на Ал-Садр пливаат во базенот на седиштето на владата во Зелената зона. Претходно, Ал-Садр најави повлекување од политиката, по втор пат од 2014 година. Неполни два часа по објавата, демонстранти се втурнаа во Зелената зона, ги отстрануваа барикадите и се искачуваа по огради. Безбедносните сили се обидуваа да ги растераат со водени топови. Опсадата на палатата продолжи и покрај полицискиот час кој е во сила од попладневните часови.

Движењето на Ал-Садр доби најмногу гласови на парламентарните избори во октомври минатата година, но не успеа да состави влада. Како излез од кризата Ал-Садр бара одржување нови избори.

Прочитајте повеќе

Два извештаја откриваат широка мрежа на руски дезинформациски портали

Два извештаја откриваат широка мрежа на руски дезинформациски портали

Создадени по ист образец, порталите секојдневно публикуваат огромен број објави. А, објавите често се или …