сметки струха

СДСМ: 80% од цената за струја на граѓаните ја субвенционира државата

Прес-конференција на Коле Чаракчиев, пратеник на СДСМ

Почитувани,

Во пресрет на очекуваната тешка зима, како последица на најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна, започнува реализација на мерките за штедење на електрична енергија.

Со овие мерки потрошувачката на струја во институциите ќе се намали за 15 отсто, со што се очекува заштеда на електрична енергија од 19,5 милиони киловат-часови за шест месеци.

Во време на криза неопходно е одговорно однесување и рационално трошење на струјата и енергенсите од сите нас.

Со предизвиците во однос на глобалната енергетска криза се справуваат надлежните институции и Владата, кои преземаат мерки за заштита на стандардот на граѓаните и компаниите во овие тешки услови.

Ја одржува стабилноста на енергетскиот сектор, максимално го зголеми производството на електрична енергија во дадениот момент и силно ја субвенционира цената на струјата за граѓаните.

Домаќинствата за сметките за струја плаќаат само 20 отсто, а 80 отсто од цената се субвенционира од страна на државата, што е клучно за поддршка на стандардот на граѓаните во ваква криза.

Се подготвуваат и нови антикизни мерки. Со ребалансот на Буџетот веќе се обезбедени 76 милиони евра за антикризни мерки кои што како пакет се подготвуваат за четвртиот квартал оваа година.

СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики кои имаат за цел заштита на животниот стандард и полесно справување на граѓаните и економијата со последиците од глобалната економска, енергетска и здравствена криза.

Тоа е голема разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кога цената на струјата е зголемена за 100%, а се набавувала струја 3-4 пати повисока од пазарната, во време кога немало никаква енергетска криза, ниту пак високи цени.

Благодарам

Прочитајте повеќе

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Интегрален говор на носителот на листата во изборната единица 4, д-р Венко Филипче, на синоќешниот …