зимското

Ноќеска во 3 часот започнува зимското сметање на времето

Ноќеска во 3 часот во земјава ќе престане летното сметање на времето и ќе се премине на зимско сметање.

Стрелките на часовникот во 3 часот треба да се поместат 1 час наназад, на 2 часот.

Кај мобилните телефони и компјутерите за кои корисниците дозволиле автоматска усогласување на часовникот, промената ќе ја изврши оперативниот систем, а кај оние уреди кај кои таа е оневозможена, корисниците ќе треба да го сменат времето рачно. Истото важи и за постарите часовници и рачни часовници што не се поврзани на интернет.

Владата имаше идеја оваа есен да се престане со промената од летно на зимско време, но по анализите извршени од Министерството за економија е заклучено дека е најдобро да продолжи досегашната практика.

Прочитајте повеќе

Русија користи хемиско оружје во војната во Украина?

Русија користи хемиско оружје во војната во Украина?

САД ја обвинија Русија за употреба на хемиско оружје против украинската војска, Москва демантира. Русија …