Во Алжир 49 лица беа осудени на смрт поради линч на човек обвинет за подметнување пожар

Во Алжир 49 лица беа осудени на смрт поради линч на човек обвинет за подметнување пожар

Судот во Алжир осуди 49 лица на смрт за линч на човек за кој мислеле дека предизвикал шумски пожар во минатата година. Казните најверојатно ќе бидат заменети со доживотен затвор поради мораториумот на егзекуциите, јавува Би-Би-Си. Судот осуди 28 лица на казни од две до 10 години затвор за други кривични дела поврзани со линчот.

Во Алжир тридневна жалост поради загинувањето на 65 луѓе во шумските пожари

Во минатата година Алжир беше погоден од најтешките шумски пожари во историјата, во кои загинаа 90 луѓе. Жртвата на линчот Џамел Бен Исмаил (38) објави на Твитер дека ќе патува 320 километри од својот дом за да им помогне на пријателите да се борат со пожарите во најпогодениот регион Кабилија. Но, кога пристигнал, мештаните лажно го обвиниле дека го подметнал пожарот. Го мачеле и го запалиле жив, а неговото тело било изложено на главниот плоштад. Видео снимките од неговото убиство предизвикаа бес во јавноста во Алжир.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …