Мијалков

Поништена пресудата за Мијалков во случајот „Трезор“ за опремата за прислушување

Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на обвинетите во случајот „Трезор и предметот го врати на повторно постапување и одлучување пред Основниот кривичен суд Скопје. Апелациониот суд Скопје, како што се наведува во соопштението, констатирал дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка, со што се доведува во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик.

Кривичниот суд во април, минатата година, за случајот Трезор го осуди поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков доби 8 години казна затвор поради злоупотреба службена положба и овластување при набавката на британска опрема за следење на електронска комуникација во 2010 година.

Неговите соучесници поранешниот шеф на неговиот кабинет и началник на оддел во Управата за безбедност и контраразузнување, Тони Јакимовски беше осуден на 5 години казна затвор. Поранешниот помошник-министер во Министерството за внатрешни работи, Небојша Стајковиќ беше осуден на 5 години затвор додека поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски на кого му се судеше во отсуство доби 15 години казна затвор.

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …