Посета на јапонскиот амбасадор на прилепска „Витаминка“

Посета на јапонскиот амбасадор на прилепска „Витаминка“

Н.Е. Амбасадорот Савада Хиронори, деновиве оствари работна посета на ПИ „Витаминка“ АД Прилеп. Во рамките на посетата, чиј домаќин беше претседателот на Одбор на директори, Симон Наумоски, како и директорите Наташа Стојковска и Владимир Трпаноски, делегацијата имаше можност да се запознае со работењето на компанијата, финансиските резултати, деловните активности, како и со производствениот асортиман и со производствените можности.

Во текот на посетата беа истакнати големиот број инвестиции и проекти што ги реализира „Витаминка“ во континуитет, како и определбата и фокусот на компанијата во делот на извозната политика и големиот број проекти и заложби во делот на општествената одговорност.

Амбасадорот посети и неколку производствени погони каде имаше можност директно да се запознае со производствениот процес, како и високата технологија на производство на „Витаминка“.

Прочитајте повеќе

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Речиси 20 страници е долг списокот на лица кои донирале на трансакциската сметка на ВМРО-ДПМНЕ …