Андреј Ѓурчиновски е победник на првото државно првенство во билијард за јуниори

Андреј Ѓурчиновски е победник на првото државно првенство во билијард за јуниори

Во организација на македонската федерација за билијард, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт, изминатиот викенд се одржа првото Национално првенство за јуниори, категорија до 19 години, која воедно се игра и на европските првенства.
Осуммина учесници од четири клубови од Скопје, Битола, Прилеп и Тетово, се натпреваруваа во дисциплината „деветка“, по идентични правила што важат при настап на ЕП.
Победник на турнирот е 12-годишниот Андреј Ѓурчиновски, кој летово ја претставуваше Македонија и на континенталниот собир што беше во Бугарија. Во финалето тој го совлада Антонио Крајоски со 7:4, додека третото место го поделија Диели Весели и Мухамед Даути.
Ѓурчиновски со четири победи ја потврди формата, иако беше најмладиот од сите учесници. Како победник на турнирот тој ќе ја претставува државата на следното Европско првенство, кое е закажано за јули 2023 година. Пехарот и медалите ги додели новиот претседател на Билијард федерацијата на Македонија, Дејан Сипковски.
Со јуниорскиот турнир и официјално е завршена натпреварувачка 2022 сезона. Согласно усвоениот календар за 2023, новото Национално првенство за сениори започнува во февруари.

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …