Анестезиологот ТикТокер остана без лиценца

Анестезиологот ТикТокер остана без лиценца

Лекарската комора му ја одзеде лиценцата на анестезиологот од Тетовската болница, Ваљтон Дервиши, кој снимаше и објави видеа со пациенти на „ТикТок“.

На 24 април заседаваше Судот на честа при Лекарската комора и одлучи да Дервиши, кој е специјалист анестезиолог да остане без лиценца седум години, што е максимална казна што може да се изрече за етички прекршок во работењето.

„Со денешната одлука органите на Комората како легитимни претставници на сите нејзини членови испраќаат порака дека лекарите веруваат во етичките вредности и правила и силно ќе се залагаат за нивно доследно почитување во работата“, велат од Комората.

Дервиши се соочува и со обвинение од страна на Јавното обвинителство за кривичните дела – несовесно работење и неовластено снимање.

Анестезиологот по објавувањето на видеа од пациенти од одделението за Гинекологија во болницата во Тетово и од медицински персонал беше отпуштен од работа, а заработи и притвор.

Прочитајте повеќе

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Во раните утрински часови денеска дојде до краткотраен прекин во снабдувањето со електрична енергија на …