Билјана Ивановска предложена за прв човек на Антикорупциската комисија

Билјана Ивановска предложена за прв човек на Антикорупциската комисија

Комисијата за прашања на изборите и именувањата на денешната седница едногласно ја утврди предлог листата за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата и за претседател ја предложи ревизорката Билјана Ивановска.

Претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски, изјави дека таа иако немала најмногу бодови според рангирањето, била единствена од седумте која конкурирала за претседател, додека другите аплицирале само за членови.

За членови на комисијата се предложени Владимир Георгиев, Софка Пејовска-Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Шемши Салаи.

Во текот на денот се очекува членовите да бидат избрани на пленарна седница во Собранието, а потоа и да се распишат претседателските избори.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Тренчевска

Тренчевска: Од денес во СДСМ нека настапат oние неизвалканите од претходните функционери

Од партиските структури се повлекувам целосно одговорно и самосвесно, со сигурност дека не сум ја …