студентски дом

Бруцошите од денеска можат да аплицираат за сместување во студентски дом

Oд денеска за сместување во студентски дом можат да аплицираат и студентите од втора и повисоките години кои го пропуштиле првиот рок

Студентите што се запишуваат во прва година на додипломски студии на некоја од државните или приватните високообразовни установи од денеска можат да аплицираат за сместување во студентски дом.

За претстојната учебна година за бруцошите се предвидени вкупно 1.093 слободни места во државните и приватните студентски домови.

Најмногу слободни места за нив има во студентскиот дом „Орде Чопела“ во Прилеп (вкупно 266 места), а потоа и во домовите „Гоце Делчев“ (235) и „Пелагонија“ (200) во Скопје.

Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет порталот „е-услуги“ на МОН.

Студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом.

Рокот за пријавување на студентите од прва година – бруцошите трае од денеска па до 15 септември.

Конечниот список за прием на студентите од повисоките години ќе се објави на 5 септември, а за бруцошите на 30 септември. Студентите ќе имаат можност за приговори по резултатите, а приговорите се доставуваат во самиот дом каде што студентите имаат аплицирано во рок од 10 дена од денот на објавување на резултатите.

Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови остануваат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавувањето ќе продолжи сè до пополнување на истите, но најдоцна до 30 ноември.

Инаку, од денеска за сместување во студентски дом може да аплицираат и студентите од втора и повисоките години кои го пропуштиле првиот рок.

И повикот за студентите од повисоките години е достапен и може да се најде на интернет-страницата „е-услуги“ на МОН.

Повеќе информации, како и потребната документација може да се најдат на овој линк.

Прочитајте повеќе

Знаме Македонија

Од прослави за знамето до тензии и обвинувања за дестабилизација

Прославите за албанското знаме низ Северна Македонија предизвикаа инциденти и сквернавење на македонското знаме, што …