Сојузот на средношколци бара да се воведе финансиско образование во образовниот процес

Сојузот на средношколци бара да се воведе финансиско образование во образовниот процес

На средбата со гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, претставниците на Сојузот го истакнале финансиското образование како еден од приоритетите на средношколците, нагласувајќи ја потребата од воведување на финансиското образование во формалниот образовен процес

Анкета на Народната банка покажала дека околу половина од младите сметаат оти располагаат со делумно знаење за управувањето со парите. Најголемиот дел од нив, според анкетата, учат за управувањето со парите од своите семејства, а во однос на начинот на едукација, сметаат дека најдобро можат да се стекнат со финансиски знаења преку класични предавања, во комбинација со едукативни материјали на интернет и видеоматеријали.

Водејќи се од ова, Народната банка, како што велат од таму, се посветува на финансиска едукација на младите, а била одржана и средба меѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и претставници на Сојузот на средношколци.

На средбата присуствувала и главната економистка Анета Крстевска, а од страна на Сојузот на средношколци присутни биле претседателот Берин Мухамед, потоа Ана Младенова, Ива Трпески, Влатко Стојкоски, Ана Бошкова, Гент Бина и Филип Најдовски.

На средбата, претставниците на Сојузот го истакнале финансиското образование како еден од приоритетите на средношколците, нагласувајќи ја потребата од воведување на финансиското образование во формалниот образовен процес.

На средбата, претставниците на Сојузот на средношколци ја презентирале својата публикација „Изучување на граѓанското и финансиското образование, медиумска писменост и дебатата во средните училишта како предуслов за градење активни граѓани“, каде што се прави осврт на клучните полиња во кои младите имаат потреба за продлабочување на формалното образование, заради нивна поголема вклучевност и активност.

„Изучувањето на финансиската едукација во образовниот процес е заложба и на Народната банка, којашто би се остварила преку воведување посебен предмет или посеопфатно вклучување на одделни сегменти во постојните предмети (иако и сега е делумно застапено во основното и средното образование). Ова е предвидено како посебна активност во Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија, за што се остварува постојана соработка со Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука“, велат од Народната банка и додаваат дека средбата со Сојузот на средношколците е дел од вкупните заложби на Народната банка за финансиска едукација на младите.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Гласот за ДПМНЕ носи само меѓуетнички тензии, заробени медиуми, замолчени граѓани

Ковачевски: Гласот за ДПМНЕ носи само меѓуетнички тензии, заробени медиуми, замолчени граѓани

Давањето преголема моќ на десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ може да донесе само разгорување на …