Брус, Мел и Шварци, одете во пензија, иде ѕвездата на МВРО!

Брус, Мел и Шварци, одете во пензија, иде ѕвездата на МВРО!

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Да се насмееме на сета корона мака…

Спортскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе возеше со својот тркачки автомобил низ Скопје. Како што најави, ќе вози „во чест на здравствените работници и полицијата“. Невообичаен настан, спортски, малку бучен, но ете, да се случува нешто за време на карантинот. Секако, и со убава порака и заслужено признание за, како што Иџе ги нарекува, хероите во борбата против коронавирусот. Пријатно изненадување и за љубителите на автомобилизмот, во денови кога спортот е ставен на пауза.

Но славата тргна во друг правец. Како што е познато, Наќе решително чекори во освојување на славата од првиот ден на своето техничко министерување и никако не пропушта ниедна прилика да се слика. Како оној пат, со словенечката хуманитарна помош на аеродромот во Скопје, со воениот злосторник за празникот Прочка и низа други прилики и неприлики.

Веројатно, возачот на тркачкиот автомобил уште не ја имаше завршено својата спортска рута низ Скопје, а тој веќе се појави со албум со сликички на својот Фејсбук профил и со текст во кој „скромно“ и покровителски ги пофали здравствените работници, полицијата, а ја спомна и Армијата. Нема што, имал информација од прва рака каде да го „сардиса“ спортистот и да направи фото сеанса со него.

Како што пишував и претходно, министерот Наќе Чулев не се појавува на седници на Владата и на Кризниот штаб, а кога се појавува, гласа против, а луѓето ги нарекува агресивни. Но, за сликање и продукција е прв. Дарба си е дарба.

Веројатно, сите овие денови се нервирал со манифестациите „Култура во време на корона“, каде што ниеднаш не се сликаше, па реши да се обиде да чепне барем малку слава од овој спортски настан и да ги задоволи своите проудцентско-актерски амбиции. Холивуд, спреми се! Брус, Мел и Шварци, и така сте во одминати години, одете во пензија, иде ѕвездата на МВРО, Наќе! (Ова извичников, на вистинско место дојде…)

Ова е период кога бележиме зголемување на бројот на заразени, кога се вртат бајрамски ора, првомајски скари и велигденски литии, а во соседството и во Европа се бројат денови нема ниеден заразен.

Полицијата, пак, по налог на Наќе, за тоа време снима спотови, како оној на паркингот кај спортскиот центар „Борис Трајковски“ (по повод Денот на полицијата), со одвлекување на преку сто полицајци и отприлика исто толку возила и со очигледен ризик по нивното здравје. Инаку, спотот на Наќе беше „инспириран“ (плагијат) од спотот посветен на турската итна медицинска помош.

Сепак, ниту спотот-плагијат од 300 евра, колку што пријави дека чинел, ниту албумот со Иџе, не можат му конкурираат на „отсјајот“ со скандалот „Теретана“. Можеби неговиот партиски шеф(!) сака да се билда по теретани за време на вонредна состојба, но „шајнинг“ Наќе знае како се билда Пи-Ар (имиџ).

Извор: frontline.mk

Прочитајте повеќе

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Дијаспората ќе гласа само на претседателските избори, бидејќи не е исполнет условот за тоа да …