Четиригодишна суспензија за настап на руските спортисти на Олимписките игри и светските првенства

Четиригодишна суспензија за настап на руските спортисти на Олимписките игри и светските првенства

Извршниот комитет на Светската антидопинг агенција, донесе одлука да ја суспендира Русија од сите поголеми меѓународни натпреварувања во следните четири години, вклучувајќи ги и Олимписките игри во Токио следната 2020 година и Светското фудбалско првенство во Катар во 2022 година. Причина за таквата одлука е што руски спортисти користеле системски допинг и бриешеле лабораториски докази.

Руските спортисти и нивните тренери ќе може да настапуваат независно, доколку не покажат позитивни резултати на допинг тестовите, или доколку се покаже дека резултатите од нивните тестирања не биле манипулирани. Во таков случај, тие ќе можат да се натпреваруваат на Олимписките игри под олимпиското знаме.

Прочитајте повеќе

Прилепскиот велосипедски клуб „Скај рајдерс бајк“ утре домаќин на Државното првенство во даунхил

Прилепскиот велосипедски клуб „Скај рајдерс бајк“ утре домаќин на Државното првенство во даунхил

Во организација на велосипедскиот клуб „Скај рајдерс бајк“ – Прилеп утре, недела 27.04.2025 година, на …