Центар за јавно здравје Прилеп: Состојбата со коронавирусот е под контрола, нема место за паника

Центар за јавно здравје Прилеп: Состојбата со коронавирусот е под контрола, нема место за паника

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, петок 21 август:

  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 2 нови случаи на коронавирус, а две лица оздравеле од заразната болест;
  • Бројот на активни случаи изнесува 50, од кои 41 се наоѓаат на домашно, а 9 на болничко лекување;
  • Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 120 лица;
  • Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 384.

Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека состојбата со Ковид-19 во општина Прилеп е под контрола и дека нема место за паника. Зголемениот број на случаи кои беа регистрирани во изминатите денови, се должи на потврдени позитивни случаи на контакти од семејни кластери, кои се ставени во изолација.

Прочитајте повеќе

„Супорт Кочани“ обезбеди 4070 силиконски лепенки за повредените од трагедијата, ќе бидат донирани на Општата болница

„Супорт Кочани“ обезбеди 4070 силиконски лепенки за повредените од трагедијата, ќе бидат донирани на Општата болница

Денеска граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ прими донација од 4.070 силиконски лепенки, наменети за третман на …