Сугарески: Горд сум што бев активен учесник во процесите за создавање нови вредности и перспективи за нашата држава

Сугарески: Горд сум што бев активен учесник во процесите за создавање нови вредности и перспективи за нашата држава

Фејсбук статус на Горан Сугарески, досегашен министер за транспорт и врски:

Почитувани граѓани,

Имав огромна чест и одговорност да ја вршам функцијата министер за транспорт и врски во политичката и техничка Влада во изминативе три години. Се гордеам што бев активен и непосреден учесник во процесите за создавање нови вредности и перспективи за нашата држава.

Со силна посветеност, чесност и транспарентност работев во изминатиот период и верувам дека таквата работа остави белег во ресорот што го водев. Ги реализиравме историски најголемите инвестиции во патната и комуналната инфраструктура, во гасификацијата, во станбено- социјалната политика.

Помогнавме на голем број на граѓани и го подобриме нивниот живот и тоа беше мотивот што ме водеше секој изминат ден.

Нема подобар стимул од тоа кога ќе видите задоволни жители на еден град, на село или населба од изграден пат, канализација или водовод или некој друг значаен проект со кој сме го олесниле нивното живеење.

Тоа беше наградата за мене.

Благодарност за укажаната чест да бидам министер во Влада и во Министерството кое реализира голем дел од капиталните проекти, а сакам да изразам и јавна благодарност до вработените од Министерството за транспорт и врски за соработката и поддршката што ми ја дадоа.

Развојот на нашата земја не застанува, има многу проекти кои треба допрва да се работат и уверен сум дека идниот министер, Благој Бочварски, исто така силно и посветено ќе продолжи со реализација на сите тие крупни капитални проекти во Министерството.

Нашата визија за силна европска држава не застанува, напротив сега сме уште повеќе мотивирани да го продолжиме патот на просперитетот за сите граѓани.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Гласот за ДПМНЕ носи само меѓуетнички тензии, заробени медиуми, замолчени граѓани

Ковачевски: Гласот за ДПМНЕ носи само меѓуетнички тензии, заробени медиуми, замолчени граѓани

Давањето преголема моќ на десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ може да донесе само разгорување на …