Делчево

Делчево домаќин на вториот Семинар за дигитални технологии и претприемништво

Средношколците од регионот повторно ќе имаат можност да се запознаат со новините во дигиталниот свет и претприемништвото. Делчево ќе биде домаќин на регионалниот семинар „Иновации, прогрес и дигитален свет“ кој ќе се одржи на 17 април, среда, во организација на Фондацијата „Бугарско сеќавање“. На семинарот се очекува учество на 200 средношколци од Делчево, Виница, М. Каменица, Берово и Струмица, а предавачи ќе бидат водечки иноватори, дигитални специјалисти, автори и лидери во сферата на роботиката.

Семинарот ќе го отвори директорот на Фондацијата, д-р Милен Врабевски.

Како што истакна Венци Димитровски координатор на проектот, целта на овој Семинар е младите да добијат поголеми познавање на полето на иновациите, роботиката и дигиталната технологија.

-Пред се’, интенцијата е да се прошират познавањата и да се разбуди интересот за иноваторството, дигиталниот свет и претприемништвото како сфери на иднината кои на младите им отвораат безбројни перспективи. Тие ќе имаат можност да влезат во дигиталниот свет и светот на иновациите, а предавачи ќе се еминантни професионалци од сфрерите кои се теми на семинарот, истакна Димитровски.

Проектот е дел од долгогодишните инвестиции на д-р Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќавање“ за професионални и образовни перспективи за зближување на населението од двете страни на границата. Првиот Семинар за роботика, информатика и напредни технологии во Делчево се одржи минатата година и на него учество зедоа 220  ученици од регионот.

Инаку, соработката меѓу Општина Делчево и Фонадацијата „Бугарско сеќавање“ на д-р Милен Врабевски трае повеќе од  една година. Во овој период воспоставена е цврста соработка во делот на образованието, односно надградување на капацитетите на учениците во делот на информатичките технологии и продлабочување на соработката на образовните институции од двете страни на границата.

Прочитајте повеќе

Партиите не можат да се воздржат од политичка злоупотреба на убиствата на Палевски

Во политичката злоупотреба на случајот со двојното убиство се чини дека предничи ВМРО-ДПМНЕ, која преку …