Делчево: Инфраструктурно уредување на населбата Басарица

Делчево: Инфраструктурно уредување на населбата Басарица

Општина Делчево ги доби Решенијата од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со кои се одобрува финансиска поддршка за реализација на два капитални проекти во населбите Басарица и Полето.

Станува збор за проекти во вредност од над 30 милиони денари, а со овие средства ќе се реализира проект за изградба на патна инфратсруктура во населбата Басарица во должина од 1 км, а ќе се гради и канализација во населбата Басарица и Полето во должина од 2 км.

Градоначалникот Горан Трајковски на денешната прес-конференција го потенцираше значењето на реализацијата на овие ингфраструктурни проекти во Басарица.

-Населбата Басарица иако повеќе од две децении е урбанизирана, досега немаше изградено патна инфраструктура. Сведоци бевме дека долго време жителите на оваа населба газеа кал и живееја во прашина, а со реализацијата на овој проект,  конечно, оваа населба ќе наликува на една урбана средина. Како градоначалник кој сака да ги решава проблемите, заедно со мојот тим ја изработивме првата техничка документација за изградба на улици во населбата, а сега ќе градиме и 6 улици во населбата во должина од 1 км, како и канализациска линија во должина од 2 км која поминува низ дел од населбата Басарица и оди за село Полето, истакна Трајковски

Вредноста на проектот одобрен за реализација на патната инфраструктура и канализација е над 25 милиони денари, средства обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, а средствата за ДДВ во висина од 18% ќе ги плати Општина Делчево.

 Во рамките на проектот аплициран по мерката 322 за инвестиции за изградба или реконструкција на улици во руралните средства, ќе се градат 6 улици во населбата Басарица во должина од 1 км: „Св.Троица, „Киселичка“, „Бигланска“,„Драмечка“, „Басаричка“, „Селничка“.

Вториот проект аплициран по мерката 321 се однесува на изградба на 4 крака на канализациски системи во населбата Басарица и Полето во должина од 2000 метри.

Трајковски истакна дека тендерот за реализација на инфраструктурните проекти во населбата Басарица и Полето ќе биде објавен во текот на овој месец, а се очекува  градежните работи да започнат во август.

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …