Димитров очекува во Виена да дојде до поместување во преговорите за името

Димитров очекува во Виена да дојде до поместување во преговорите за името

Духот и традицијата на Виена можеби ќе ни помогне да го поместиме проблемот напред и да има нешто конкретно и видливо во насока на надминување на прашањето за името. Овој проблем е најважен за нас, и за другата страна, меѓутоа има важни регионални импликации и влијае врз политиката на ЕУ кон Балканот.

Ова денеска го изјави шефот на дипломатијата, Никола Димитров на прес-конференција со австриската колешка, Карин Кнајсл, во пресрет на средбата во петок во Виена со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, и медијаторот на ОН, Метју Нимиц.

– Разменивме предлог-спогодби, една добивме од грчката страна, една добија тие од нас, во процесот мора да се земат предвид позициите и аргументите на двете страни и мислам дека ќе биде многу корисно ако размислуваме и тоа мислам го спомнавме заедно со грчкиот колега на прес-конференција, што е тоа што е најважно за Македонија, што е тоа што е најважно за Грција, и тоа е патот што ќе не донесе кон решение – рече Димитров.

Според него, ако се размислува само што е најважно за нас или што е најважно за нив тоа нема да води кон решение, бидејќи „на крајот на тој пат мора да има задоволство и покривање на главните грижи на двете страни“.

– Ние сме соседи и ако еден од соседите се чувствува многу повреден или онеправдан, тогаш не сме направиле ништо од оваа операција, бидејќи целта на процесот е да станеме блиски, да решиме еден долгогодишен, децениски, проблем и да научиме да си веруваме едни со други и да бидеме сојузници, бидејќи меѓудругото, решението ќе не води кон сојузници и во ЕУ и во НАТО -рече Димитров.

Австриската министерка, Кнајсл изрази задоволство што Австрија ќе може да пружи поддршка на двете страни.

– Се радуваме што можеме да бидеме место за дијалог и да кажеме дека и тоа е форма на дипломатија – значи да дадеме услуги. Ние не сме медијатори, туку сме место за разговори – рече Кнајсл додавајќи оти се што може „Австрија ќе придонесе овие разговори да се случат во дискретна и инспирирачка рамка“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …