Дојче веле: Договорот за добрососедство и Протоколите не се критериум за отворање и затворање на поглавјата

Дојче веле: Договорот за добрососедство и Протоколите не се критериум за отворање и затворање на поглавјата

Според документацијата до којашто дошло Дојче веле, Бугарското Министерство за надворешни работи смета дека е проблематично тоа што Северна Македонија добила „чист“ македонски јазик во Преговарачката рамка, но францускиот предлог го смета за нешто на што не можело ни да се надева до пред само 6 месеци.

Бугарското МНР е незадоволно што во Преговарачката рамка е наведен „чист“ македонски јазик, а Договорот за добрососедство и Протоколите не се критериум за отворање и затворање на поглавјата, бидејќи според францускиот предлог, за нив се произнесува Европската комисија, а не Советот на ЕУ, каде што Бугарија го има правото на вето, коментира Дојче веле..

На 23 јуни годинава пред Комисијата за надворешна политика на бугарското Собрание, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска требаше да го презентира ставот на институцијата која ја претставува во однос на францускиот предлог и претстојното гласање во парламентот. Излагањето на Генчовска беше прекинато откако мнозинството пратеници одлучија дека Комисијата нема потреба да дискутира за предлогот. Еден ден подоцна, Собранието во Софија го усвои францускиот предлог.

Во официјалните документи кои Генчовска ги достави до Комисијата беа Протоколот од меѓувладината македонско-бугарска комисија (кој веќе го објавивме), како и Извештај за односите со Северна Македонија и францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Во Извештајот кој Генчовска не го презентираше докрај, се наведуваат добрите и лошите страни на францускиот предлог од бугарски аспект.

Текстот на Дојче веле.

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …