Харков опкружен и бомбардиран

Двајца руски војници осудени за воени злосторства во Украина

Судот во североисточниот украински град Котелва осуди двајца руски војници на по 11 и пол години затвор, откако ги прогласи за виновни за кршење на воени злосторства. Ова е втора пресуда за воени злосторства од почетокот на руската инвазија во февруари.

Заробените војници Александар Иванов и Александар Бобикин беа осудени за гранатирање и уништување на неколку станбени згради во градови кои се наоѓаат во источниот регион Харкив со повеќекратен ракетен фрлач, на 24 февруари, денот кога Русија ја започна својата неиспровоцирана инвазија на Украина.

„Вината на Бобикин и Иванов е целосно докажана“, рече судијата Евген Болибок.

Двајцата беа заробени од украинската војска истиот ден. Тие признаа дека ги испукале ракетите, но рекоа дека немаат поим кои се целите, бидејќи им биле дадени координати за програмирање во ракетниот фрлач.

Руските сили во трка со времето, да го освојат Донбас пред да стигне европското оружје

Адвокатите на двајцата војници побараа од Окружниот суд да ги осуди нивните клиенти на по осум години затвор, наведувајќи го покајанието на двајцата војници и фактот дека ги следеле наредбите на нивните команданти.

Украина соопшти дека идентификувала илјадници воени злосторства извршени од руските војници за време на војната.

Инспектори од неколку земји, како и Меѓународниот кривичен суд, собираат и испитуваат докази за да утврдат дали се извршени воени злосторства.

Русија тврди дека не таргетирала цивили во своите воени операции и покрај тоа што има видео и конкретни докази кои покажуваат уништување на станбени згради, болници, културни места и други невоени локации.

На 30 мај, украинската генерална обвинителка Ирина Венедиктова рече дека на друг руски војник, Михаил Романов, наскоро ќе му се суди за обвинение за силување.

Претходно на 23 мај, судот во Киев го осуди 21-годишниот руски војник Вадим Шишимарин на доживотен затвор за убиство на невооружен цивил во североисточниот регион Суми.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го изгласа Планот за раст за Западен Балкан, што е досега најамбициозниот финансиски …