Европа ќе објави нови санкции кон Русија кога Бајден ќе го посети Брисел

Европа ќе објави нови санкции кон Русија кога Бајден ќе го посети Брисел

Американскиот претседател Џо Бајден ќе им се придружи на сојузниците во примената на дополнителни санкции против Русија за нејзината инвазија на Украина и заострување на постојните за време на неговото патување во Европа оваа недела, изјави советникот за национална безбедност Џејк Саливан. Бајден денеска ќе отпатува со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во Брисел, каде се седиштето на НАТО и Европската унија, на состаноци в четврток со колегите лидери. Потоа тој планира да отпатува во Варшава во знак на поддршка за сојузникот што ја дели границата со Украина.

Бајден ќе објави нов пакет санкции кон Русија

Саливан рече дека Бајден ќе работи со сојузниците на долгорочни прилагодувања на држењето на силите на НАТО за време на неговата посета и ќе објави „заедничка акција“ за зајакнување на енергетската безбедност во Европа, која е многу зависна од рускиот гас. „Тој ќе има можност да се координира за следната фаза на воена помош за Украина. Тој ќе им се придружи на нашите партнери во воведувањето дополнителни санкции кон Русија и заострување на постојните санкции за да се спречи затајувањето и да се обезбеди силно спроведување“, им рече Саливан на новинарите. Бајден, исто така, ќе објави дополнителен придонес на САД за олеснување на хуманитарните услови за бегалците и цивилите во Украина, од кои многумина се заробени во опколените градови. По Брисел, Бајден ќе отпатува во Полска и ќе „се сретне со американските војници кои сега помагаат во одбраната на територијата на НАТО“ и експерти вклучени во хуманитарниот одговор на војната.

Русија ја гранатира Украина – ОН бараат да запре „апсурдната војна“

Соединетите држави и нивните сојузници воведоа огромни санкции против Русија поради инвазијата на Украина и испорачаа милијарди долари во оружје и помош. Бајден вети дека нема да испраќа американски војници во Украина, но вети дека ќе ја задржи својата посветеност да ги брани членките на НАТО доколку бидат нападнати.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

газа

Најмалку 60 загинати при израелски воздушни напади низ Појасот Газа

Во текот на изминатите две недели, Израел ја погоди опколената палестинска територија со жестоки бомбардирања, …