Фотографија на денот: Сигнал за помош од Тонга, Нов Зеланд испрати бродови

Фотографија на денот: Сигнал за помош од Тонга, Нов Зеланд испрати бродови

По огромната ерупција на подводниот вулкан Хунга Тонга Хапаи во Пацифичкиот Океан уште се нејасни целосните размери на штетите, со бројни острови не постои контакт. Посебна загриженост владее поради цунамито кое го предизвика вулканската ерупција кај островите Манго и Енои. Од Манго е примен сигнал за помош.

„Комуникацијата и натаму е огромен проблем, зашто интернетот и меѓународните телефонски линии се во прекин. Се чини дека има големи штети“, соопшти Бирото на ОН за координација на хуманитарни активности.

Сателититските телефони се единствен инструмент за комуникација со надворешниот свет за островите, но и тие не функционираат без проблеми

Според владата во Нов Зеланд, досега се потврдени две жртви, едната е Британка која била однесена од надојдувачки бран. Нов Зеланд испрати бродови со помош, на кои им треба три дена за да стигнат до погодениот регион. Еден од бродовите носи итно потребна вода за пиење. И Австралија испратила еден брод.

По ерупцијата на вулканот Хунга Тонга Хунга Хапаи во саботата кон небото се дигнаа гигантски облаци од пепел на километри височина, а предизвиканите цунами бранови стигнаа дури до Јапонија, Алјаска и Јужна Америка. Вулканот се наоѓа на 65 километри од главниот град на Тонга, Нукуалофа. Архипелагот Тонга има околу 107.000 жители.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Можеме ли да слушнеме што мислат другите

Можеме ли да слушнеме што мислат другите

Репортажа од Берлин: “Das Unbeschreibliche, hier ist’s getan” (Неописливото, се случи овде) Салата во Берлинската …