Груевски побегнал преку Албанија, тврди белградска „Политика“

Груевски побегнал преку Албанија, тврди белградска „Политика“

Српскиот весник „Политика“, познат како активен поддржувач на власта во Србија, објави дека според нивните информации, поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Будимпешта побегнал преку Тирана.

Во денешното издание на насловната страница на весникот е објавен текст потпишан како „редакциски“ во кој се тврди дека Груевски со лажен пасош ноќе ја минал македонско-албанската граница и стасал во амбасадата на Унгарија во Тирана, од каде со првиот лет на унгарската компанија „Малев“, отпатувал за Будимпешта. Иако „Политика“ пишува дека летал со „Малев“, тоа е невозможно, бидејќи компанијата згасна во 2012 година.

Наводно цело време имал шапка и очила за сонце, кои не ги симнал во текот на летот.

Што се однесува до шпекулациите дека Груевски избегал од Македонија со лажен бугарски пасош,  кои се раширија вчера во унгарските медиуми, бугарското Министерство за правда денеска соопшти дека Никола Груевски не е бугарски државјанин и не му е издаден бугарски пасош. Како што пренесува дописникот на „Мета“ од Софија, тоа го потврдиле и Агенцијата за национална сигурност.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче: Верувам дека ниеден наш член не сака да ја види СДСМ на колена, а ВМРО-ДПМНЕ разулавена и без контрола

„Јас знам дека сите оние кои се незадоволни сакаат да испратат порака. Но, силно верувам …