Херсон: Гласови од еден опколен град

Херсон: Гласови од еден опколен град

Една недела по почетокот на инвазијата на Украина, Русија го има под контрола првиот поголем украински град. Жителите на Херсон за ДВ раскажуваат како е во градот.

Херсон е првиот украински град кој е под контрола на руските сили. Украинскиот претседател Владимир Зеленски вчера (4.03) ги повика жителите на градот да излезат на улиците со украински знамиња, пеејќи ја химната. „Херсонци, покажете дека е тоа ваш град“, побара претседателот Зеленски.

Херсон, град со 280.000 жители кој се наоѓа недалеку од полуостровот Крим, има стратешки поволна позиција за Русија. Неговите жители за ДВ зборуваат во врска со ситуацијата во градот.

Перун вели дека руските трупи поставиле блокади на улиците. „Кој оди сам или со само уште еден и притоа носи храна или лекови, најчесто може да помине. Но, има и луѓе кои се вратени назад.“

Пред продавниците за храна и аптеките има долги редици, раскажува Перун: „Многумина се обидуваат да си помогнат меѓусебно и да си разменат лекови.“ Најголемиот дел од луѓето останува дома, доколку е тоа можно.

Во Херсон со години живее и американскиот пензионер Доналд Флет. Тој во телефонски разговор за ДВ раскажува дека бил сведок на ракетни напади во близина на неговиот дом непосредно пред влегувањето на руските трупи.

„Во една зграда падна ракета на првиот кат. Таму живее една старица. Ја изнесоа на парчиња“, вели тој. Флет нагласува дека е во контакт со градоначалникот Колихајев, кој со руската армија преговара за хуманитарен коридор.

Infografik Karte Ukraine Die größten Städte aktualisiert DEНајголемите градови во Украина

Руските трупи влегоа во Украина пред една недела и оттогаш се извршени напади на голем број градови. Во последните денови Русија ги засилува воздушните напади, а во истовреме се водат преговори со украинската страна.

Украина денеска соопшти дека биле одбиени руските напади во градот Миколајив, на југ на земјата. Градот Одеса не е изложен на непосредна опасност, изјави советникот на украинскиот претседател Олексиј Арестович. На исток, како што се наведува, ситуацијата во делумно опколениот град Мариупол е „под контрола“. Ваквите наводи немаат потврда од независен извор.

– повеќе: САД и Русија воспоставија воена жешка линија, Украина бара тенкови и подморници

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, во видео објавено на Телеграм завчера оцени: „Денеска беше досега најтешкиот и најужасниот ден на војната.“ Градската управа на Мариупол соопшти дека руските трупи континуирано го гаѓале градот и намерно оштетиле цивилна инфраструктура. Оштетените мостови и пруги ја оневозможуваат евакуацијата и снабдувањето со храна и лекови. Снабдувањето со вода и електрична енергија било исто така прекинато.

Во јужноукраинскиот град Енерходар руските трупи, според наводи на градоначалникот Дмитро Орлов, пукале врз контролен пункт поставен од страна на цивили. Непријателот дојде со голем воен конвој и употреби опружје против граѓаните, напиша Орлов на Телеграм. Ваквите наводи немаат потврда од независен извор. Русија категорично демантира дека целно напаѓа цивили.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Гласот за ДПМНЕ носи само меѓуетнички тензии, заробени медиуми, замолчени граѓани

Ковачевски: Гласот за ДПМНЕ носи само меѓуетнички тензии, заробени медиуми, замолчени граѓани

Давањето преголема моќ на десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ може да донесе само разгорување на …