И Македонија до ЕУ достави еднострана изјава за јазикот

И Македонија до ЕУ достави еднострана изјава за јазикот

И Македонија до ЕУ достави еднострана изјава за јазикот, која ќе биде приложена кон записникот од првата политичка меѓувладина конференција. Претходно тоа го направи и Бугарија.

Во македонската изјава се наведува дека, како што е прoпишано во Уставот на Република Северна Македонија, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е службен јазик на РСМ на целата територија на државата и во нејзините меѓународни односи.

„При склучувањето на било какви договори, спогодби и документи на Република Северна Македонија со Европската унија кои содржат јазична одредба со поименично наведување на сите официјални јазици на ЕУ, како што е договорот за соработка со Фронтекс, истите треба да се потпишат со поименично наведување на македонскиот јазик без било какви објаснувања, додавки или фусноти“, стои во изјавата за јазикот.

Во изјавата се наведува и дека во текот на преговорите се до нивното завршување и по приемот во ЕУ, земјава нема да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во Преговарачката рамка. Со приемот на Северна Македонија во полноправно членство во ЕУ, македонскиот јазик треба да стане еден од службените јазици на ЕУ.

Синоќа и Бугарија достави едностраната декларација за македонскиот јазик. Во неа се наведува дека создавањето на „македонски јазик“ е врз основа на во бугарскиот литературен јазик, збогатен со локални форми, со што се симулира „природен“ процес заснован на дијалектна форма.

Секое повикување на официјалниот јазик на Република Северна Македонија во официјални/неофицијални документи/позиции/изјави и сл. на ЕУ и нејзините институции, органи, служби и агенции треба да биде сфатено строго во согласност со Уставот на оваа држава и во никој случај не треба да се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на „македонски јазик““, се наведува во бугарската декларација.

Во Брисел се одржа првата меѓувладина политичка конференција на ЕУ и Северна Македонија, со што е означен почетокот на скрининг процесот. Почетокот на преговорите е условен со внесување на Бугарите во Уставот.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Еврокомесарот за одбрана предупредува на руски напад

Еврокомесарот за одбрана предупредува на руски напад

„Се складираат безброј тенкови и секако се прашувам: Зошто Русија го прави ова?“, вели новиот …