Спомен куќата на Тоше

И оваа година Крушево ќе го одбележи роденденот на Тоше

„Тоше има само ден на раѓање“, е мотото под кое и годинава на 25 јануари, Крушево ќе го одбележи роденденот на Тоше Проески.

Во спомен-куќата „Тодор Проески“ ќе бидат поставени неколку ликовни изложби, а во официјалната програма ќе настапат „Уникат бенд“ и Сара Ристеска, придружувана од Габриела Аврамоска. Свои точки во програмата ќе имаат и учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „Никола Карев“.

На одбележувањето на денот на раѓање на Тоше, ќе се обратат претседателот на Советот на општина Крушево, Тома Петроски и директорката на спомен-куќата „Тодор Проески“, Елена Мирчевска.

 

Прочитајте повеќе

технички преглед

МВР разби криминална мрежа: Проневерени 2,2 милиони евра преку технички преглед

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал разби криминална група која преку станица за …